Uncategorized

(ВИДЕО) Наставничка доби отказ поради овој танц

Наставничка  во основно училиште  ја изгуби својата работа откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која таа заносно танцува игра во бикини на одмор.

24-годишната учителка  рече дека била принудена да даде отказ бидејќи револтираните родители виделе снимка на која таа се забавува додека е на одмор.

Наставничката, именувана како  Мис Клариса, била на одмор во Кабо Сан Лукас, популарен ресорт  во Баја Калифорнија,  на 15-часа возење и кратко патување со ферибот од училиштето во кое работи,  во северната мексиканска држава Сонора. Клариса во училиштето работела три години.

Во изјавата за мексиканските медиуми, таа рече: “Во училиштето не ми дадоа друга опција освен да поднесам  оставка“.

Посрамотената учителка објаснува дека видеото се појавило во рамки на натпревар во танцување на плажа каде што ја освоила главната награда.

Таа знаела дека луѓето ја снимале секси изведбата, но не очекувала снимката да се појави на социјланите мрежи.  “Знаев дека има мобилни телефони, но никогаш не помислив дека ова ќе оди онлајн, како и да е, јас не правам ништо лошо“.

Поврзани вести

Back to top button