ВИДЕО: На туристите им продаваат кучешко месо, тврдејќи дека е пилешко
На интернет се објавени потресни снимки од злоставување и убивање кучиња во едно од најпознатите одморалишта во светот.
Островот Бали е омилената дестинација на туристите ширум светот и најразвиениот индонезиски остров.
Истражување на организацијата за заштита на животни „Animals Australia“ октирло шокантен факт, дека на островот масовно и брутално се убиваат кучиња, а потоа на туристите им се продава месо тврдејќи дека е пилешко.Секојдневно фаќаат кучиња, ги затвораат во кафези и им ги вржуваат нозете и муцките, а потоа брутално ги колат. Кучињата првин со денови ги држат заторени, без храна и вода, а бизнисот им цути. Во Бали секоја година се убиваат седум пати повеќе кучиња отколку на озогласениот вестивал „Јулин“ во Кина – објавува организацијата.
Најмногу кучешко месо како пилешко нудат уличните продавачи, а дури 70% од рестораните исто така продаваат пилешко место. Го означуваат со називот „satay“ и на туристите им кажуваат дека тоа е пилешко.
Се проценува дека секоја година поради трговија со месо на Бали се убиваат околу 70.000 кучиња.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната снимка содржи вознемирувачка содржина!