ВИДЕО: Моментот кога полицијата го апси терористот
Австралиските медиуми објавија фотографии и видеа со драматичниот момент кога осомничениот напаѓач бил одвлечкан на земја и уапсен откако со автомобил прегази толпа луѓе на раскрсница во Мелбурн, повредувајќи 14 лица.
Полицајците уапсија двајца мажи, вклучувајќи го и возачот, откако дошле на местото на нападот, каде што голем број жртви, меѓу кои и дете со повреда на главата, лежеле онесвестени и повредени.
В.д. главниот комесар Шејн Патон изјави дека осомничениот возач имал историја на злоупотреба на дрога и проблеми со менталното здравје.
32-годишниот австралиски државјанин, од авганистанско потекло, на полицијата ѝ бил познат и по еден напад во 2010 година.
„Во моментов немаме никакви докази или разузнавачки податоци за да укажеме на поврзаност со тероризам“, рече Патон. „Сепак, продолжуваме да го истражуваме ова прашање со нашата контратерористичка команда за да се осигураме дека е така“.