Свет

ВИДЕО: Марко Ѓуриќ приведен во Приштина како најголем криминалец

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска е одведен во полициска станица во Приштина, а додека тоа се случувало, бил свиркан од присутните граѓани.

Тој е уапсен во Косовска Митровица од страна на припадниците на косовската полиција, Прво бил однесен во станица, а потоа, наводно, започнал неговиот транспорт кон граничниот премин Мердара.

Група Срби бурно реагирала на настаните и се обиделе да го бранат со голи раце, иако специјалците биле наоружани со автомати.

Според реакциите во српските медиуми, Ѓуриќ низ улиците на Приштина бил воден како најголем криминалец.

Поврзани вести

Back to top button