Мистерии

ВИДЕО: Куќа опседната со духови, полицијата упадна, па се слушна страшен врисок

Полицијата во Чиле дојде до пријава во која се велело дека „биле вознемирени“ од натприродни сили. Еден полицаец го нападнал нож кој излегол од никаде. Повикале свештеник, но ни тој не можел да помогне.

Луѓето во светот често пријавуваат паранормални активности, но ретко се случува да тоа го потврди и службено лице, во овој случај полицаец.

Група на полицајци на 26 февруари биле повикани да дојдат да истражат што се случува во една куќа во Пуерто Монта. Домашните ги викнале дежурните служби и рекоа дека ги тероризираат натприродните сили.


(На 2:37 се гледа како предмет лета низ прозорот)

Полицијата во куќата затекна неколку скршени прозори и делимично изгорен душек во дворот. Домашните биле надвор од куќата и им рекле на полицијата дека внатре се случуваат паранормални активности. Полицијата на почетокот на им верувале, но го промениле мислењето откако влегле во куќата.

Полицаецот Борис Олавариа Гонзалес изјави пред новинарите дека врз нив паднал парче малтер, додека ги испрашувале домашните. Го погледнале таванот и заклучиле дека е празен. Тогаш полицаецот викнал „демонот“ да излезе. Не добил одговор, па тргнал надвор, но на вратата го нападнал нож кој излегол од никаде.

(Регалот кој изненадувачки се сруши)

„Тоа беше неверојатно. За среќа носев панцир, па не сум тешко повреден. Тоа беше сцена како во хорор филмовите, необјаснива во реалниот живот“, изјави Гонзалес.

Домашните го пријавиле случајот и левитација на предметите и дека некои од нив се запалиле без причина. Полицијата подоцна видела дим во куќата, иако во неа немало никого.

Марија Ура, една од домашните, изјави пред новинарите, дека во неделите се случуваат спонтани пожари. Изјави дека паранормалните активности почнале на 8 февруари, но дека состојбата станала неподнослива, две ноќи пред да се одлучи да повика полиција.


(Изјава на полицијата за уништената поткуќнина)

Бидејќи полицијата не можела да им помогне на несреќните луѓе и логично да ја објасни ситуација која се случила во домот, повикале свештеник, но ни тој не успеал да помогне.

Семејството се пресели во прифатилиште додека не се најде решение, пишува Oditi Central.

Поврзани вести

Back to top button