ВИДЕО: Крвникот од Париз се заколнал на верност во Ал Багдади
Новинската агенција “Amaq”, блиска до терористичката организација ИСИС, објавила снимка на која, според наводите на групите за нагледување на џихадисти, делува дека Хамзат Азимов, осомничен за вчерашниот напад со нож во Париз, се колне на верност на лидерот на таа група, Абу Бакр ал-Багдади.
Засега не е сигурно дали мажот кој се гледа на 2-минутното видео навистина е напаѓачот од Париз. Носот и устата му се покриени, а тој не го кажува своето име.
Француските власти соопштиле дека за вчерашниот напад е осомничен 20-годишен државјанин од Франција, роден во руската република Чеченија. Тој бил убиен од полицијата вчера, веднаш откако со нож убил едно и ранил четири лица.
Претседателот на Чеченија денес изјавил дека станува збор за Камзат Азимов.
Зборувајќи на француски јазик, мажот на снимката ги повикува европските муслимани да изведат напади во земјите во кои живеат, ако не се во можност во емигрираат во калифатот.
Видеото е објавено без датум, а зад мажот се гледа дека има силен дожд, каков што имало вчера во Париз.
Разузнавачката група SITE, која ги нагледува џихадистите на интернет, навела дека лицето на снимка е напаѓачот од Париз. Исламската држава рано утрово соопштила дека осомничен за тој напад е еден од нејзините војници.