ВИДЕО: Како во хорор филм: Го убила момчето и крвава бараше помош!
На страшното видео снимено со мобилен телефон во Казахстан се гледа млада жена (29) која на сред снежна ноќ се приближува кон автомобил.
Девојката конфузно се движи по патот, малку лево, малку десно и мафта со рацете, па конечно се доближува до возачот. Тогаш се гледа дека рацете до лакт и се крвави, а девојката признава дека го убила своето момче, во куќата во која заедно живеат, бидејќи многу се скарале и моли да и дадат засолниште.
Меѓутоа наместо да и помогнат или да викнат Итна помош и полиција, момчињата преплашени се обидуваат што побрзо да побегнат.
Локалните медиуми пишуваат дека таа е уапсена и обвинета за убиство.
“Призна дека со нож го убила мажот со кој живеела“, кажува портпаролот на полицијата Бахјазан Кадијарков.
Ако ја докажат дека е виновна, може да добие доживотна казна.