Избор на уредникотМакедонијаТоп

(ВИДЕО) И ДУИ го осуди палењето на македонското знаме но не и Љубчо Георгиевски, Ивон Величковски и Никица Корубин

Два случаја на сквернавење на македонското државно знаме се овековечени во видеа што осамнаа на портали и на социјалните мрежи од прославата на Денот на албанското знаме во Скопје.

Денот на албанското знаме се славеше речиси низ цела западна Македонија. За време на прославата на две места е снимено и сквернавење на македонското знаме.

Едната локација е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено.

Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања.

Двата чина донесоа нетрпеливост и навредливи коментари, што остава простор сторителите да бидат гонети, не за едно, туку за две кривични дела и тоа: нарушување на угледот на државата, но и предизвикување на верска, расна, национална омраза. Според Кривичниот законик, тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.

Осуда на палењето на македонското знаме дојде од речиси сите политички партии, иако во малку завиена форма осуда дојде дури и од ДУИ.

– Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и ширум светот.Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција, велат од партијата. Истовремено, го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата.Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит, реагираа тогаш од ДУИ.

Но и по една недела на ваквиот нецивилизиран чин нема никаква реакција од Љубчо Георгиевски, Ивон Величковски и Никица Корубин.

ФОТО: „Јутуб“

ФОТО: „Јутуб“

Поврзани вести

Back to top button