ВИДЕО: Голем терористички напад во Русија

Објавено: среда, 30 декември 2015 во 11:18
Spread the love

За време на пукањето врз група туристи кои се наоѓале во тврдината  Кала во Дербент загина еден маж, а 11 се повредени, изјави претставник на Министерството за здравство на Дагестан.

– За време на пукањето беа повредени 12 лица, а еден човек подоцна починал. Сите повредени се во Дербентската клиничка болница. Четири лица се во критична состојба – изјави изворот.

Тој изјавил дека останатите се во средно тешка состојба. Во Дербент веќе е испратена група од хирурзи со кислородни апарати.

Според истрагата, инцидентот се случил синоќа во 21.30 часот по централно европско време. Кога почнало пукањето во тврдината Кала, во неа се наоѓале на околу 20 туристи кои пристигнале во мали групи и со сопствен автомобил. Извор од полицијата рече дека меѓу повредените се двајца припадници на граничната полиција, од кои еден починал. Според некои извори, најмалку две лица стрелале врз туристи.