ВИДЕО: Фрлајќи кон полицијата канти со измет, мигрантите во “јуриш на Европа“
Скоро 600 мигранти се обиделе да влезат во Европа јуришајќи на оградата која ја раздвојува шпанската енклава Сеута од Мароко, соопштија итните служби.
Шпанскиот Црвен крст на својот твитер налог напишал дека е повикан да прегледа 592 лица после масовниот јуриш на оградата кои се случил изутрината.
Црвениот крст наведува дека во јуришот биле повредени 132 мигранти, а дека 11 од нив се однесени во болница за да им биде укажана помош, пренесува „АП“.
Во нападот на мигрантите, исто така повредени се и 22 полицајци, а четворица се хоспитализирани.
Шпанската влада не соопштила колку мигранти успеале да влезат на шпанско тло.
Африканците од супсахарското подрачје кои живеат илегално во Мароко, секоја година се обидуваат да се качат на оградата висока шест метри, со која се одвоени шпанските енклави Сеута и Малила.