ВИДЕО+ФОТО – Вознемирувачка содржина од екстремните скокови на “Meрмерното езеро”
Meрмерното езеро во селото Беловодица во Прилеп, привлекува и по неколку стотици посетители во текот на денот. Особено за викендите, тука е преполно. Прилепчани својот излез од топлотната жега го пронајдоа над малото заборавено селце Беловодица, во езерцето кое настана на местото на некогашниот рудник за мермер, пренесува порталот МАРКУКУЛЕ.МК.
Прилепското “Памук Кале” како што популарно се нарекува месетото, го привлече вниманието и на неколку нуркачи, кои во текот на вчерашниот ден констатираа дека длабочината на езерото е 15 метри.
Освен оние кои доаѓаат и ја почитуваат природата, сакајќи ова место да остане чисто, достапно и да не се предизвика проблем, поради кој ќе биде забрането, има и такви кои доаѓаат и ја предизвикуваат природата, правејќи различни егзибиции на мермерните етажи.
Video Player
Ние исто така ќе апелираме посетителите да внимаваат, да ја зачуваат оваа недопрена и кристално чиста природна околина, да не фрлаат отпадоци и да се однесуваат покорно кон природата, затоа што таа може да биде добар слуга, но и строг господар.
Ваквите слики на теренски возила кои кои висат по мермерните блокови и адреналисти кои скокаат од истите, го загрозуваат престојот на сите други кои се разладуваат во тиркизната вода на езецето.