Видео+фото: Величествена Бадникова литија во Охрид

Објавено: сабота, 6 јануари 2018 во 15:07
Spread the love

Над 400 дечиња зедоа учество во традиционалната Бадникова литија што по 5 пат се одржа денеска во Охрид, под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, а во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид.

 

Поворката тргна од црквата Св. Ѓорѓи и пристигна на плоштадот „Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Стојаноски на децата коледарчиња им подели Божиќни подароци.

 

Манифестацијата заврши со ручек во црквата Успение на Света Богородица-Каменско.

 

 

 

 

 

 


Извор: ohridnews.com