МакедонијаТоп
(ВИДЕО) Државата ги брка способните и потребните за да ги вработи неспособните и непотребните партијаши: Немаме партиски, имаме крводарителски книшки, специјализантите штрајкуваат
![](https://globus2.com/wp-content/uploads/2024/05/privatni-specijalizanti-2.jpg)
Приватните специјализанти лекари нема да го прекинат генералниот штрајк се додека не ја дочекаат информацијата од Владата во писмена форма дека се прифатени нивните барања за зголемување на надоместокот и за целосно решавање на нивниот статус во здравството. И додека на овие млади и способни кадри државата не им обезбедува работа на овие млади и способни кадри, речиси секојдневно се назначуваат нови функционери, се измислуваат разно разни агенции, комисии и управни одбори, и се вработуваат полицајци и државни службеници, односно се врши вработување само на партиски подобни кадри.