Избор на уредникотМакедонија

ВИДЕО: Драма на мајка и син со хендикеп, дури и змиите им се непосакувани гости дома

Аница има 72 години. Вдовица е веќе четврт век, со две деца. Вели дека порано работела како хигиеничарка во фабрика, честопати и во две смени, само за да ги нахрани своите деца.

Аница со синот Драги живее во стара куќа без елементарни услови за живот. Вели дека најмногу им треба тоалет. Нејзиниот син Драги, е лице со хендикеп и не е во состојба да ѝ помогне на мајка си, ниту за физиолошките потреби. Единствено што успеал е да направи импровизиран тоалет на вториот кат од куќата. Со топла вода се капат само кога има сонце, благодарение на неколкуте шишиња кои успеваат да ги стоплат на балконот. Драги вели дека честопати, во куќата им влегуваат змии.

Драги помага толку колку што може. Не е оженет, а како член на Организација за хендикепирани лица, честопати има зборувано и во медиумите за потребите на овие луѓе. Вели дека има пари за леб, но не доволно за да изгради куќа, бидејќи речиси половина од пензијата ја трошат за лекови. Аница и Драги бараат помош од хумани луѓе, за да можат да изградат мала куќа во селото Чучер Сандево.

ТЕЛ.БРОЈ.

071 796 247

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ за tv21

Поврзани вести

Back to top button