Македонија

(ВИДЕО) Биг Мајк најави од 30 до 40 илјади работни места во Македонија во бизнисот со канабис

Канабис-ѕвездата Мајк Штрауметис познат како Биг Мајк, преку видео најави дека возможно е да се отворат од 30 до 40 ијлади работни места во земјава во следните две до три години.

„Земјата има неверојатни капацитет за бизнис со канабис, и тоа како ниту една друга земја во Европа. Воодушевен сум и од луѓето кои ги запознав. Тие се навистина работлив народ и овој бизнис за нив е голема шанса. Да ви појаснам дека со бизнис-канабисот возможно е да се отворат од 30 до 40 илјади работни места и тоа за две до три години“, вели Мајк во видеото.

Мајк е сопственик на компанијата „Адвенс нутриентс“ која годинава слави 20 години од своето постоење. Тој на 23 години влегува во бизнисот во САД, по што повеќе од една деценија, како што пишуваат медиумите, бил во бегство со седум различни идентитети. Од 1996 година влегува во Канада, каде што ја отвора својата компанија „Адвенс нутриентс“. Таа е број еден компанија во светот за продажба на хранливи продукти специјализирани за канабис, со 90 милиони американски долари годишно во продажба во повеќе од 93 земји.

Поврзани вести

Back to top button