Свет

ВИДЕО: Англичанец го препознал синот меѓу џихадистите убијци

Несреќниот маж, кој не го видел својот син три години, вели дека на детето мозокот му го испрала неговата мајка, озлогласената Сели Џонс, која им се приклучила на терористите на ИСИС, а со себе во Сирија го понела и синот.

tatko

Британецот, кој сакал да остане анонимен, вели дека е убеден дека русокосото момче од пропагандното исламистичко видео, наречено Абу Абдул ал-Британи, е токму неговиот син.

Џихадистите оваа снимка ја објавиле пред неколку дена, а вчера се дознало дека белото дете е син на Сали Џонс, една од најбараните терористки во светот. Џонс, мајка на две деца од Чатам во Кент, заминала во Сирија во 2013. година, и со себе го повела помладиот син, чиј прекар е Џоџо.

Детето тогаш имало 10 години. Таму го прифатило исламот, а Сали се омажила со преобратен Британец, Џунаинд Хусеин ал Британи, кој бил убиен минатата година во воздушни напади.

Сали, поранешна гитаристка во панк бенд, го променила името во Сакина Хусеин. Јавноста ја забележала кога им понудила на младите муслиманки кои сакаат да станат невести на џихадисти, да им ги плати патните трошоци до Сирија. Исто така, на Твитер се заканила со терористички напади во Лондон.

Таткото бил шокиран кога го видел своето дете како со пиштол убива заробен курдски војник во портокалов комбинезон. На снимката се гледаат пет деца, вклучувајќи и едно бело со сини очи, како со пиштол убиваат група курдски заробеници.

Досега најмалку 50 деца биле одведени од Британија во редовите на исламската држава, која ги тренира да станат идни генерации на убијци и бомбаши самоубијци.

Поврзани вести

Back to top button