Избор на уредникотРелигија

Велигденски пости

Велигденски пости

Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Христос воскресна од мртвите и со Неговата смрт смртта ја уништи, а со Него и сите нас кои веруваме и одиме по Него н? совоскрена за да наследиме воскресение и живот вечен. Оваа зададеност Бог му ја дал на човекот уште во рајот, при што требало да исполни само една заповед: да се воздржува, т.е. да пости.

Ако постот му бил потребен на човекот во рајот за да дојде до целта, тогаш уште повеќе му е потребен во оваа земја на отуѓеност и богоотстапништво. Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајанието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг, а пред с?, молитвата.

Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета, па дури и суета и прелест. Постот е добродетел на Црквата, па според тоа има и соборни димензии, односно постиме и се подвизуваме не само за себе, туку и за сите други. Овој пост се пости строго без масло од понеделник до петок, освен сабота и недела кога се пости со масло. Два дена во текот на овој пост се јаде риба – на Благовештение и на Цветници, и тоа во зависност кога ќе се паднат.

Првите три дена од постот монасите и поревносните христијани во светот држат тримир. Тоа е тридневен пост во целосно воздржување од јадење и пиење. Светите отци решиле овој пост да трае 40 дена како што постел Господ Исус Христос, и уште една недела, како тажна седмица, од влегувањето на Христос во Ерусалим с? до Воскресение. По Велигден е Светлата седмица и во таа седмица не се пости, а секој ден се оди во црква на Литургија. Треба да нагласиме дека начинот на постење опишан погоре е општо правило на Црквата, а секому му се одредува неговото лично правило со благослов на духовниот отец.

Поврзани вести

Back to top button