Македонија

Вечерва уапсен обвинетиот од Монструм кој избега од затворот во Штип

Фејзи Азири обвинет за случајот „Монструм“ кој беше осуден со правосилна судска пресуда на шест ипол години затвор за нелегално оружје, вечерва е уапсен на Клиниката за пулмологија и алергологија и ставен под полициски надзор дознава Алфа ТВ.

Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство, но неговото апсење се случи месец ипол покасно и тоа откако денеска под притисок на јавноста излезе информација дека бегалецот ниту некој го барал ниту пак Судот и Управата за санкции знаеле каде е.

На Азири, откако му беше укината мерката притвор, на судење единствено тој од групата обвинети за „Монструм“, требаше да доаѓа во придружба на судска полиција, бидејќи има правосилна пресуда на затворска казна за друго дело, со нелегално оружје. Затвор требаше да лежи во Штип. Но директорот вели дека Азири, го водат како бегалец.

И додека штипскиот затвор Азири го води за бегалец, за тоа никој не го информирал судијата Огнен Ставрев, од Скопска единица, што го води случајот Монструм. Судијата побарал Азири да го спроведат од затворот во Штип, но од таму не добил никаков одговор. За клопчето да се замота повеќе, денешното рочиште се одложи токму поради не присуството на Фејзи Азири, ама не од фактот што затворот во Штип нема кого да спроведе, туку поради лекување на обвинетиот.

Адвокатот на Фејзи, Насер Рауфи денеска на судијата кој го води случајот Монструм му даде медицинска белешка, која вчера ја добил во 15 часот. На неа пишувало дека Фејзи Азири е во болница, па судењето беше одложено за средината на мај. Алфа ја контактираше Клиниката за Пулмоалергологија, не беа запознаени дека кај нив е хоспитализирано лице кое затворот го води како бегалец. Во телефонски разговор ни рекоа дека Фејзи Азири на Клиниката бил примен вчера околу пладне, не знаат до кога ќе биде во болница. Имал проблеми со дишењето.

Но зошто, откако Фејзи Азири, затворот го води за бегалец до сега по него нема распишано потерница. Преседанот да биде поголем, ако Азири барал повторно одложување на затворската казна, второто одлагање требало да го донесе судот, истиот во кој на Фејзи Азири му се суди за петкратното убиство на момчињата и рибарот од пред 6 години. Па оттука, судечкиот судија, кој е од истиот Суд требало да знае за таквата одлука. Овој предмет сега е во рацете на СЈО, денеска обвинителката Фатиме Фетаи се побуни дека медицинска белешка не може да биде доказ дека Азири е во болница, но Фетаи не побара притвор за Фејзи Азири. За преседанот да биде поголем СЈО немаше информации дека штипскиот затвор обвинетиот го води како бегалец.

Поврзани вести

Back to top button