Македонија

Важна вест за сите Македонци кои се кладат

Доколку во текот на изминатата година сте имале среќа, па сте имале добивка од некои од игрите на среќа, тогаш во одредени случаи треба истите добивки да ги пријавите, а во други не.

Како што информираат од УЈП, во случај на добивки од посебни игри на среќа: казино, спортска прогноза и автомат клубови, истите не се пријавуваат во годишната даночна пријава.

Доколку пак сте оствариле приходи од општите игри на среќа, лотарии, наградни игри, квизови и сл., кои се повисоки од 5.000 денари, тогаш задолжително треба да и тоа да го пријавите во вашата годишна даночна пријава.

На една недела пред истекот на крајниот рок за пријавување на годишната даночна пријава, од УЈП информираат дека оваа законска обврска досега ја исполниле вкупно 184.182 граѓани, од кои 950 истото го направиле по електронски пат.

Поврзани вести

Back to top button