Вака пингвините ги „запросуваат“ своите избранички (видео)
Откако ќе ја пронајдат женката со која ќе го поминат целиот живот, мажјаците од одреден вид на пингвини буквално скитаат по целата плажа трагајќи совршен камен кој е нивното свето нешто, слично како што има значење венчалниот прстен кај луѓето.
Кога ќе го пронајдат го носат кај сојата избраничка и го спуштаат пред нејзината нога. Доколку женката го подигне каменот мажјакот тоа го сфаќа како „ДА“, а доколку не, тој е одбиен.
Најпознатиот вид на пингвини кој на ваков начин стапуваат во интимен однос се нарекуваат аделијски вид (францускиот истражувач ги именувал така во 1983 година по својата сопруга Адел).
Изборот предмет за запросување да биде каменот е бидејќи од камења тие прават гнездо за да имаат удобно место за водење љубов и одгледување на новороденчињата, а камењата често ги крадат и од други гнезда.