Живот

Вака Никола Тесла го тренирал мозокот

Никола Тесла е еден од најгенијалните умови кои некогаш се движеле по земјава. Најпознат ни е по неговиот придонес во полето на физиката, за измислувањето на системот на наизменичната струја, а му се припишуваат и многу други патентирани и непатентирани изуми. Но, што е тоа што го правело Тесла толку успешен? Постојат ли некои „трикови“ кои големиот иноватор ги користел за да ја зголеми својата продуктивност? Неколку студии објаснуваат дека спиел само два часа, но она што е потврдено како вистина е тоа дека Тесла живеел и творел по следниве 3 навики.

Добро размислете пред да направите нешто

Тесла често кажувал како може да ги замисли машините и ретко правел нацрти пред почетокот на нивната изработка. Овој процес на визуелно размислување не е својствен за сите луѓе, но идејата е да се концентрираме на финалниот производ. За креативното размислување често е неопходно да се опуштиме и да поработиме на проблемот во нашата глава.

-Мојот метод е поинаков. Јас не брзам со конкретната работа. Кога добивам една идеја, веднаш започнувам со изградување во својата имагинација. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и управувам со машината во својата глава. За мене воопшто не е важно дали го тестирам дурбинот во главата или во работилница. Забележувам дури и ако не работам добро. Разлики нема, а резултатот е ист, пишува Тесла, во својата автобиографија.

Одете на прошетка

Познато е дека одењето на мали прошетки има свои предности кога е во прашање креативноста. Тесла за време на неговите прошетки, кои станале дел од неговото опсесивно компулсивно нарушување, ги добил дел од позначајните „еурека“ моменти на големи откритија, како на пример, идејата за наизменичната струја. Тесла во 1881 се преселил во Будимпешта и додека со пријателите шетал низ паркот рецитирајќи поезија, одеднаш му дошла идејата за електричната струја.

Сами работете на проблемот

Како и многуте иноватори и креативни великани на научните полиња, така и Тесла ја застапувал тезата дека треба да се биде сам за време на творењето и размислувањето.

-Умот е поостар и поконцентриран во непрекинатата осаменост и самотија. За размислувањето не се потребни никакви лаборатории. Оригиналноста пристигнува од самотијата произлезена од влијанието кое го оштетува нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на иноваторите, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите, вели Тесла.

Поврзани вести

Back to top button