Ужасот на војната: Ранет војник лежи на граната и го чека непријателот
На социјалните мрежи кружи страшна снимка од линијата на фронтот кај Бахмут на која се гледа како ранет војник се обидува да ги разнесе своите противници.
На краткото и многу вознемирувачко видео се гледа како ранет војник, чија нога е во завои, лежи со лицето надолу на земја. Неговиот другар видно трепери од страв додека им се предава на противниците.
Војникот кој го снима фаќањето приоѓа со намера да ја извади пушката од ранетиот, но во тој момент гледа дека цело време држи бомба под себе.
– Граната – извикал војникот и веднаш испукал рафал кон ранетиот.
Потоа се свртел и почнал да трча додека зад него одекнала експлозија.
Во видеото се наведува дека повредениот бил припадник на руските сили, но тоа не може со сигурност да се потврди бидејќи на униформите нема никакви ознаки.
– Смртта е подобра од срамот. Ранет руски војник се обидел да се разнесе со граната додека чекал да се приближи непријателски офицер. Вечна слава на нашите маченици – се наведува во објавата.
Засега не се знае точно кога е направена снимката.