Избор на уредникотФото

Ужасни сцени од пеколот во Австралија: “Не можете да минете 10 метри, а да не наидете на леш”

Околу 25.000 коали на островот Кангара, половина од популацијата, веројатно угинале, покажале податоците на WWF. Околу една третина коали исчезнале во пожарите.

Делови од Австралија се преплавени од лешови на животни додека пожарите и натаму ја девастираат земјата, соопштила една хуманитарна организација за животни.

“Одвај можам да ви опишам. На некои места не можете да минете 10 метри, а да не наидете на уште еден леш”, рекол Еван Квартемен од организацијата “Humane Society International”.

Членовите на оваа организација ги спасувале животните на островот Кангара кои се здобиле со изгореници, проблеми со дишењето и преживеале стрес, а изградиле и станици за храна и вода за неповредените животни.

Островот, познат по својата дива природа, е речиси целосно прекриен со тела од животни.

“Во едно подрачје, кое страшно изгорело минатата недела, сцените не се ништо подобри од апокалипса. Таму најдовме само една коала меѓу илјадници лешови на коали, кенгури и птици”, рекла извршната директорка на организацијата Ерика Мартин.

Експертите предупредиле дека најлошата австралиска сезона на пожари, која ќе трае уште неколку месеци, веќе уништила добар дел од дивиот живот.

Околу 25.000 коали на островот Кангару, половина од популацијата, веројатно угинале, покажуваат податоците на WWF. Околу една третина од коалите исчезнале во пожарите.

WWF предупредува дека оваа катастрофа би можела да доведе до целосно изумирање на некои видови, како што е видот какаду.

Министерката за екологија Сузан Леј, навела дека коалите сега ќе се сметаат за загрозен вид. Владата на Австралија одобрила 50 милиони долари за помош и закпренување на хабитатот и помош на животните.

Научниците, инаку, предупредиле дека ваквите пожари во Австралија би можеле да станат нормални ако на климатските промени не се одговори адекватно.

Досега во пожарите изгореле милиони хектар. Починале најмалку 28 лица.

Поврзани вести

Back to top button