Македонија
Ужас во Скопје, маж си ги заклал мајката и бабата
Попладнево се случило двојно убиство во центарот на Скопје, потврдуваат од МВР.
Денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 40-годишниот М.Ј. од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на улица „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, соопштија од МВР.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.