Македонија

Успех на „тигрите“: Спартанците од Македонија четврти во Европа по издржливост на натпреварот Спарта 300

Тимот на Единицата за специјални задачи – Тигар го освоија 4. место на ниво на специјални полиции од 20 земји. Четворица припадници на Тигар со нивниот тим лидер и помошник-командир во ЕСЗ, Радош Ефремов, со гордост можат да кажат дека тимот од Македонија по издржливост и спремност се веднаш зад тимовите на специјалните полиции – Унгарија, Израел и Чешка, кои ги зазеле првото, второто и третото место.

Замислете си дека треба да истрчате една милја или 1,6 километри со панцир тежок 10 килограми, па продолжувате со правење на 100 згиба, 200 склека, 300 „чучњеви“ и на крај пак да истрчате 1,6 километри, и сето тоа за време од најмногу еден час. Или пак да направите 25 згиба, 50 дигања со тежина од 60 килограми, 50 склека, 50 скока на кутија, 50 стомачни и сето тоа додека во рацете држите 60 килограми, а од лево и десно има две точки што мора да се допрат со нозете.

Ви звучи неверојатно но ова се само две од вежбите што четворица припадници на Единицата за специјални задачи – Тигар успешно и без грешки ги направија на натпреварот „Спарта 300“ на ниво на специјални единици од Европа. Овој натпревар се одржа минатиот месец во унгарскиот Центар за антитероризам – ТЕК во Будимпешта.

Нашите специјалци го освоија 4. место на ниво на специјални полиции од 20 земји. Тимот од четворица припадници на Тигар со нивниот тим лидер и помошник-командир во ЕСЗ, Радош Ефремов, со гордост можат да кажат дека тимот од Македонија по издржливост и спремност се веднаш зад тимовите на специјалните полиции – Унгарија, Израел и Чешка, кои ги зазеле првото, второто и третото место.

Повеќе на МКД.МК

Поврзани вести

Back to top button