Избор на уредникотМакедонија

Уште во 1931 во Петроград е објавен „Меморандум за независност на Македонија“ – Доказ за Македонската историска посебност

На 1 март 1931 година македонската нација бележи уште еден доказ за нејзината посебност. Имено на овој ден во Петроград е објавен и издаден „Меморандум за независност на Македонија“ од страна на ополномоштените македонски членови на Македонското научно-литературно друштво.

Димитрија Чуповски, Александар Везенков, Гаврил Константинович и Наце Димов потписниците на Меморандумот, согледувајки ја ужасната положба на Македонија по првата и втората балканска војна окупирана од соседните држави, како единствено најразумно и најцелисходно решение го гледале доделувањето на независноста на историскиот регион Македонија во нејзините природни, географски, етнички и економско-стопански граници.

Со ова тие сметале дека ќе се стави крај на страдањата на населението и ќе се избегнат понатамошни војни, судири и крвопролевања.

Преку неколку точки во меморандумот биле изнесени барањата за Македонија во нејзините географски, етнографски и економско-културни граници да остане единствена, неделива и независна балканска држава со барање во најскоро време да биде свикано Македонско народно собрание во Солун за детално да се разработи внатрешната организација на државата и за определување на односите со соседните земји.

Документот со кој се бара доделување и признавање на независност на историскиот регион Македонија бил испратен до британскиот министер за надворешни работи сер Едвард Греј, амбасадорите на голмите сили при дворот во Лондон и рускиот министер за надворешни работи.

Исто така тој бил објавен и во весникот „Македонски глас“, во повеќе руски весници и други печатени медиуми низ Европа.

Во прилог на овој меморандум Димитрија Чуповски ја изработил и објавил политичко-географската карта на Македонија во нејзините природни, географски, етнички и економско-стопански граници „Карта Македонија“ со поднаслов „по програма на македонските народници“.

Во меморандумот кој е своевиден прв јавен настап на „ополномоштените Македонци“ пред светската јавност, се изложува и истакнува борбата на Македонците за својата слобода и држава.

Овој документ е уште еден меѓународен доказ од непроценливо значење за историското постоење на македонската нација.

Поврзани вести

Back to top button