МакедонијаТоп

Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик, тоа е губење време

Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, Влада Урошевиќ.

Урошевиќ, кој е македонски поет, раскажувач, есеист и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вели дека отсекогаш бил против тоа да се впуштаме во полемика со бугарските научници, писатели и политичари околу ова прашање.

– Ако тие сметаат дека нашиот јазик не е автентичен, нека си останат со тоа свое мислење, што можеме? Ние сигурно не можеме да ги убедиме. Останува само тие да се променат сами, еден ден да ја сфатат реалноста. Дотогаш треба да ја сочуваме главата студена и да ја сочуваме ладнокрвноста. Тие полемики не водат никаде. Тоа, според мене, е губење време. Треба да ги оставиме нека зборуваат што сакаат, ние си ја знаеме својата вистина, истакнува Урошевиќ.

Во интервјуто, што го објави МИА, годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата говори и за причините за малиот интерес за студирање и изучување на македонскиот јазик.

Поврзани вести

Back to top button