Умира Мртвото Море
Најниското место на Земјата, 420 метри под морската височина, важи за чудо на земјата. Мртвото море е природна бања полна со богати минерали и соли што прави капачите без напор да плутаат на површината. Езерото кое се поврзува со библиските Содома и Гомора, и од каде Еѓипјаните земале мастраф за своите мумификации, сега умира со исчезнување.
Нивото на водата опаѓа за повеќе од метар годишно. Главниот дел од езерото е 15% поплиток од пред половина век, а површината му е сведена на само една третина од некогашната.
Повлекувањето на водата го менува пејсажот, и открива некои убави но морничави призори, чудесни подводни формации но и апокалиптични сцени од разобличени плажи. Некои места кои служеле како летувалишта, сега се забранети за пристап заради тектонски движења кои на места имаат проголтано цели улици.
Езерото се суши со децении, а климатските проблеми само индиректно придонесуваат, бидејќи главно се работи за човечка негрижа. Мртво море се наоѓа помеѓу Јордан, Израел и Палестина, а свој удел во сушењето имаат и Сиријците. Областа слабо располага со вода, па властите во овие земји ги пренасочуваат изворите што го полнат езерото, за да обезбедат доволно вода за пиење и наводнување за населението. Дополнително, компании од Израел и Јордан го сушат и намерно, за да извезуваат минерали.
Постојат повеќе решенија за спас, но досега ништо не е преземено. Една идеја е да се изгради канал за да се „освежи“ езерото со вода од Црвеното море, друга да се засили дотокот од реката Јордан, или пак компаниите го експлатираат езерото да се натераат да плаќаат за негова рехабилитација.