Македонија
Украден штитот на Александар Филхелен од мостот на цивилизациите, граѓаните прашуваат, што е следното ? мостот?
Украден е штитот од статуата Александар I Филхелен (498-454 п.н.е) — седмиот македонски крал по ред од лозата на Аргеади, кој се наоѓа на Мостот на цивилизациите. Граѓани на социјалните мрежи споделија фотографии на кои се гледа дека штитот кој беше составен дел од статуата веќе го нема.
А, освен штитот украдени биле и скоро сите натписи кои се под спомениците.