Македонија
УХМР најавува невреме во четврток и петок
Од четврток попладне и во петок повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.
УХМР информира дека во четврток попладне и во петок Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.
Во петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.