Мистерии

Убиваат со отровен гас: Терористичка секта протерана од Црна Гора

Шеесет странски државјани, од кои 55 Руси и пет Јапонци, за кои е утврдено дека се дел од верската секта Аум Шинрикјо, ќе бидат депортирани откако биле фатени како изведуваат обреди во Црна Гора.

-Сите членови на сектата имале видливи повреди околу вратот и на зглобовите, за кои се верува дека се направени за време на обредите, пишуваат црногорските медиуми.

Црногорската полиција минатиот петок неколку часа ги испитуваше 60-те приведени лица, при што им биле одземени нивните мобилни телефони и лаптопи и беа предадени на вештачење.

Сектата Аум Шинрикјо се смета за одговорна за терористичките напади со отворвен плин во Јапонија во 1995 година, во кои беа убиени дваесетина лица, а повредени повеќе од 1.000.

Поврзани вести

Back to top button