Топ

Убиството на најбараниот балкански мафијаш (ВИДЕО)

На Јован Вукотиќ (42), водачот на шкаљарскиот клан кој беше брутално убиен во Истанбул, егзекуторите наводно со месеци се обидувале да му влезат во трага, бидејќи во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага. Сега турските медиуми објавија видео на кое наводно се гледа автомобилот на Вукотиќ и моментот кога напаѓачите пукале во него.

За потсетување, Вукотиќ беше убиен во Шишли, Истанбул на 7 септември, а во моментот на нападот со него во автомобилот биле неговата сопруга и ќерката, кои останале неповредени. Иако снимката е со исклучително лош квалитет, моментот кога мотоциклот се приближува до автомобилот на Вукотиќ можете да го погледнете во 0.20 минута.

Тамошните медиуми тогаш објавија дека е уапсена група од 12 осомничени, со лажни пасоши и лични карти, како и оружје за кое постои сомневање дека било употребено во ликвидацијата.

Му пресудил Жути

По истрагата, како што соопшти турската полиција, било утврдено дека нападот го извршил Радоје Живковиќ, кој се смета дека е еден од водачите на кавачкиот клан. Во акцијата за апсење спроведена на 16 септември беа уапсени вкупно 12 лица, меѓу кои и Живковиќ и Здравко Перуновиќ. Турската полиција собрала видео материјали во траење од 1.700 часа. Имено, постојат видеа на кои се гледа како членови на кавачкиот клан го следат Вукотиќ.

Во возилото биле пронајдени дури три ГПС уреди

Повеќе од 200 снимки од безбедносните камери беа собрани на рутата каде напаѓачите пристигнаа на местото на настанот со мотоцикли и избегаа од областа по убиството. Во автомобилот биле пронајдени три одделни уреди за следење поврзани со ГПС, од кои два биле скриени под возилото, а еден во подот на багажникот. Од единиците за безбедност и разузнавање изјавија дека акцијата била повеќе организирана и планирана отколку што се мислело.

Исто така, полицијата пронашла лажен пасош за кој се сомнева дека Вукотиќ го користел при влегувањето во Турција, а турските медиуми сега го објавија и името со кое се поврзуваат документите – Предраг Поповиќ.

Поврзани вести

Back to top button