Свет

Убиле 1200 лица, а протерале 250.000 – За тоа Хрватска осуди само едно лице

Координацијата на српските здруженија на семејствата на исчезнатите убиените и загинатите лица од просторот на поранешна Југославија соопштија денеска дека по 21 година ов воено полициската акција Бура, во која се убиени преку 1200 српски цивили, Хрватска осудила само едно лице.

Во соопштението на оваа координација се наведува дека Хрватска Бура се слави како победа, но дека тоа таа не е.

„Семејствата на жртвите потсетуваат дека Хрватска за наведените злочини, правосилно осудила само едно лице, што јасно говори дека не е во состојба и нема намера сериозно да суди за ова и сите други воени злочини сторени над Србите“, се наведува во соопштението, и се додава дека доколку официјална Хрватска јасно не се огради од злочините сторени во акцијата Бура и етничкото чистење на Србите во таа акција, истата има зочински карактер, и им дава за право на сите кои тврдат дека во 1991 година, за Србите во Хрватска е само продолжение на 1941 година.

Поврзани вести

Back to top button