Убил повеќе од 70 луѓе, тврди дека сите биле криминалци (ФОТО)
Да го затворите во затвор серискиот убиец кој извршил повеќе од 70 злосторства е како да сте го пуштиле на слобода. Тоа е затоа што Педро Родригез Фиљо не е како останатите – тој убива исклучиво злосторници.
Педро Родригез станал познат откако решил да започне да убива сериски убијци. Аналитичарите кои се занимавале со неговиот случај воочиле дека тој е “совршен пример на психопат”.
Педро почувствувал насилство уште кога бил во утробата на својата мајка. Секојдневото малтретирање и физичкото насилство од страна на неговиот татко, оставиле последици и врз Педро. Веќе по раѓањето, неговиот череп бил оштетен од силните удари и шутирања кои неговиот татко ѝ ги нанесувал на неговата мајка.
Веќе на 14 години било јасно дека тој не е како останатите деца. Откако неговиот татко бил отпуштен поради кражба на храна, тој решил да му се одмазди на надлежниот кој бил задолжен за отказот на татко му така што го убил. По убиството, Фиљо бил принуден да живее во постојано бегство.
Но, во целиот тој бурен период, Педро успеал и да се заљуби – станувало збор за девојка со име Марија Апаресида Олимпија. Меѓутоа, животот на Марија завршил трагично – нејзе ја убила локалната банда и тоа непосредно пред 18-тиот роденден на Педро.
Своите тинејџерски години ги поминал во одмазда. Сакал оние кои му ја одзеле љубовта да платат за своите здодела.
Затворска “кариера”
Откако неговиот татко монструозно ја убил неговата мајка со мачета, Педро решил да не остане должен и кон него. Тој при една посета на татко му во затворот каде што бил сместен, го избол, а потоа му го извадил срцето и му го исџвакал.
Фиљо бил уапсен и затворен, а потоа во бразилскиот затвор убил уште 47 осудени криминалци. Во разговор со психијатрите велел дека не се кае бидејќи верува дека светот ќе биде подобар и побезбеден без нив и дека никогаш не убил недолжен човек.
Локалните затвори биле такви што тој можел да биде осуден само на 30 години затвор без разлика што бројот на неговите убиства постојано растел. Педро бил ослободен во 2007 година, а се верува дека убил помеѓу 70 и 100 криминалци.
На медиумите кои го чекале пред затворот по ослободувањето, Педро им ветил една работа – ќе ги убие сите членови на бразилската мафија кои ќе ја имаат таа несреќа да му се најдат на патот.