Избор на уредникотМакедонија

Убиено уште едно дете, убиецот е од Чаир (ВИДЕО)

Тепачка поради меѓуетничка нетрпеливост е причина за убиството на седумнаесетгодишниот Никола Х., кој ноќеска починал во болница откако бил прободен со нож од А.Т.(18) по расправијата во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава 24Инфо.

Според информации од извори во истрагата, убиениот малолетник бил гимназијалец од „Корчагин“, а убиецот е тинејџер од Чаир, со потекло од Босна. За убиеното момче сите со кои разговаравме рекоа дека го познавале како мирно дете кое не било склоно кон инциденти. Тренирал и кошарка во МЗТ.

Расправијата била банална и почнала на меѓуетничка основа, бидејќи А.Т., кој бил со пријателот К.Д.(17) налетал на тинејџерите од Ново Лисиче.

Според информациите на 24 Инфо, поголемата група меѓу кои бил и Никола почнала расправија  при што А.Т. бил навредуван и во еден момент турнат. Тој паднал, по што станал и почнал да бега. Неколкумина почнале да го бркаат и веднаш го стигнале, по што момчето добило неколку удари. Тогаш А.Т. извадил нож и го пробол Никола во градите, кој силно крварел пред да биде пренесен во болница, а убиецот бил пронајден и приведен.

-Имало и постари луѓе на клупите, ама никој не реагирал, можеби мислеле дека не е сериозно, а можеби и се плашеле да се вмешаат да не настрадаат и они, вели еден од соседите.

Повеќе во 24Инфо.

Поврзани вести

Back to top button