СветТоп

Уапсени Хрват и Србин среде море, на бродот имало 700 килограми кокаин (ВИДЕО)

Европол во заедничка акција со хрватската, српската, шпанската и италијанската полиција уапси членови на криминална организација која преку Канарските острови шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Истрагата идентификуваше значајна закана, зголемената способност на криминалните организации тесно да соработуваат и да распоредуваат членови на различни локации на подолги периоди за да овозможат трговија со дрога од големи размери, соопшти Европол.

Затоа, меѓународната соработка помеѓу органите за спроведување на законот низ ЕУ беше од суштинско значење за пресретнување на осомничените и запирање на нивните криминални активности.

Истрагата беше покрената во март 2022 година и се фокусираше на брод под полско знаме со привремена база на Канарските острови, за кој се сомневаше дека се користел за транспорт на кокаин.

Оттогаш, агенциите за спроведување на законот ги следат активностите на екипажот. Едното од лицата, италијански државјанин, било поврзано со италијанската мафија ‘Ндрангета, а другото, хрватски државјанин, е поврзано со т.н. балкански картел. Иако немале професионална активност, и двајцата уживале во висок стандард на живеење додека го одржувале бродот во одлична состојба.

Шпанските власти во јули оваа година открија дека бродот направил „невообичаено“ патување до изолирана точка подлабоко во Атлантскиот Океан. Бродот оттаму тргнал на 2 август, а три дена подоцна шпанските власти извршиле рација на бродот и откриле 700 килограми кокаин.

Во меѓувреме, полицајците на терен во Шпанија уапсија еден хрватски осомничен и уште едно лице, државјанин на Србија. И двајцата се осомничени дека ја координирале операцијата за шверц на кокаин надвор од државата. При апсењето кај осомничениот биле пронајдени мобилни телефони кои биле користени за координација на криминални активности, соопшти Европол.

Поврзани вести

Back to top button