Скопските полицајци, изминатава ноќ, упасиле осомничен за силување кој околу една година бил во бегство. По осомничениот била распишана потерница, објави „Нетпрес“.
Според првични неофицијални информации од полицијата, уапсениот скопјанец е осомничен за силување на член на неговото потесно семејството, односно за инцест.
Полицајците го лицирале осомничениот силувач дека се крие во планина меѓу скопските села Паничари и Букович. Тој во шумата направил импровизирано живеалиште, каде престојувал во изминатава една година.