Судот во Турција го осуди денеска на 508 години затвор еден наставник поради сексуално злоставување на десет момчиња во два дома, јави Анадолија.
Наставникот е осуден на 508 години и три месеци затвор на првото рочиште во случајот кој ја потресе целата земја и доведе до обвиненија за прикривање.
Мажот М.Б. (54) е осуден поради злоставување момчиња на возраст меѓу 10 и 12 години, во домови од кои со едниот раководи фондација блиска на владејачката партија во Турција.
Судењето е одржано зад затворени врати.