Тука се крие тајната на квадратурата на кругот на светската политика: Приказната за светото место каде доаѓаат и Евреи и муслимани
Претставувајќи го предлогот за мировниот план за Блискиот исток, односно за решавањето на израелско палестинскиот судир, американскиот претседател џамијата Ал-Акса ја преименувал во Ал-Алва.
Корисниците на социјалните медиуми брзо реагирале, а снимката на која Трамп го изговара името на ова свето муслиманско место набрзо станала вирална.
Многу муслимани биле налутени од ова, бидејќи Ал-Акса не е обична џамија.
Што таа претставува во исламскиот свет и каде се наоѓа во интервју за српски “Курир” открил проф.др. Мирољуб Јевтиќ од Факултетот за политички науки во Белград.
Професорот Јевтиќ истакнува дека има едно место на светот околу кое се врти целата квадратура на кругот на светската политика.
“Тоа место се нарекува Брдо на храмот. Според еврејските верувања за човекот да биде спасен тој мора да принесе жртва. Жртвата може да се принесе само во храмот кој го кренал Соломон на тоа Брдо на храмот. Тој храм подоцна го урнале Вавилонците…После тоа повторно бил обновен, а потоа целосно урнат во 132-ра и 133-та година после Христос. Евреите биле протерани од Палестина и живееле во дијаспората, цело време мечтаејќи да се вратат во Ерусалим, но не за да направат држава, туку за да го кренат храмот и во него да принесуваат жртви. Но, за храмот да може да функционира и да не биде повторно урнат било потребно да се направи држава која ќе го штити. Функцијата на враќањето на Евреите и обновата на државата Израел не е поради државата, туку поради храмот. Муслиманите во седмиот век го заземале Ерусалим и го заземале местото на кое бил храмот. Тие на негово место кренале две џамии – Ал Аксу и Куполата на карпа. Тие две џамии се кренати во чест на верувањето во исламот дека од тоа место Мухамед на својот крилест коњ одлетал на небото, го видел рајот, го видел пеколот, го почувствувал Алах, но не го видел, бидејќи Алах не може да се види. Потоа се вратил на земјата, на истото место, по што бил пренесен во Арабија”, вели Јевтиќ и продолжува:
“За муслиманите тоа е третото свето место во исламот. Кога е обновен Израел во 1948-ма година, кој е обновен со цел да се обнови храмот, Ерусалим, односно Брдото на храмот останале под власт на Јордан. Во јунската војна во 1967-ма година Израелците, како што тие велат, го ослободиле Ерусалим, но Арапите велат дека Израелците го окупирале…Така Евреите дошле во политичка посед на Брдото на храмот. Но, на брдото немало ни Евреи, ни еврејски споменици, тука имало муслимани. Тие тогаш имале можност да ги урнат двете џамии и да го обноват храмот на Соломон. Но, тоа за муслиманите би значело дека сте им го извадиле срцето од градите. Тие поради тоа не смееле да го направат тоа. И целата приказна се врти околу тоа. За да дојде до мир меѓу Евреите и Палестинците, потребно е Евреите да се откажат од Брдото. А ако се откажат од Брдото тогаш се поставува прашањето зошто се враќале во Израел. А исто и Арапите – ако се откажат од третото свето место, тогаш ќе престанат да бидат муслимани. Тоа е таа квадратура на кругот која не може да се реши. Се се врти околу тоа”, заклучил Јевтиќ.