Македонија

Цуцуловски: Се родив во Македонија, а заради нечиј ќеф треба да умрам во некоја си не – Македонија?

Се родив во Македонија, се образував во Македонија, семејството го формирав во Македонија, работниот век го минав во Македонија и сега, заради нечии патолошки ќеф (имале створовите сон) треба да умрам во некоја си не-Македонија? – пишува на својот Фејсбук универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски.

Според него, менувањето на името на Република Македонија од страна на власта е еднакво со подлоста и морбидноста на сатрапот кога се умилкува и приближува на животно пред да го убие. Понатаму, тој потенцира дека од нас како народ сакаат да живееме во морбидариум, како збирка на настраности и болести.

– Тоа е подлост, идентична со подлоста некому да кроиш капа, некажувајќи му дека му кроиш капа. Тоа е исто како кога сатрапот, у м и л к у в а ј ќ и се, му се прикрадува на прасето за да го заколе. Тоа е и морбидно. Затоа, неколкупати изјавив дека живееме во морбидариум. Барем да сме хербариум – збирка на билки. Не, сакаат да бидеме морбидариум, збирка на настраности и болести, вели Цуцуловски.

 

Поврзани вести

Back to top button