Македонија

ЦРНИ СТАТИСТИКИ – 40 ДЕЦА САМО ГОДИНАВА ЗАБОЛЕЛЕ ОД РАК

Четириесет деца годинава заболеле од рак. Најмладиот пациент е бебе на 3 ипол месеци. Во моментов на клиниката за детски болести се лекуваат 20 деца, останатите го завршиле лекувањето, а дел се пуштени на домашно лекување. Според податоците од клиниката најчeсто децата заболуваат од леукемија.

Настанувањето на ракот во детската возраст е комплексен процес и не може да се посочат една или две причини. Најчесто се надоврзуваат повеќе настани кои имаат влијание дури од интраутериниот развој па се до моментот на манифестирање на болеста. Постојат генетски и епигенетски фактори кои го зголемуваат ризикот за рак.“ – Д-р Светлана Кочева – Универзитетска клиника за детски боледсти – Скопје.

Повеќе на 24.mk

Поврзани вести

Back to top button