Избор на уредникотМакедонија

Црни бројки за Македонија: Во само три месеци од оваа година имаме 1 577 лица повеќе умрени од родени

Се намалува бројот на родени деца во Македонија. Намалување има и во првиот квартал од оваа година. Па така Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8.8 % и изнесува 3 656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Радува податокот што се намалува и бројот на умрените лица. Во првото тримесечје од 2023 година имаме намалување на бројот на умрени за 29.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 233 лицa, а од нив пет се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 1 577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрени.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2.9 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2 396 бракови. Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button