Религија
Црква во Грузија непристапна за посетители
На врвот на варовникот наречен Катски столб во Грузија се наоѓа една стара црква, на височина од 40 метри. Таа е посветена на Максим Исповедник, христијанскиот светец и создадена е како дом за пустиници.
Комплексот, кој зафаќа 150 квадратни метри, се состои од урнатините на една мала црква, крипта, три пустински келии и винарска визба.
Самата црквата, која е непристапна за посетителите, се наоѓа на југоисточниот дел од столбот и долга е само 4,5 метри, а широка 3,5.
Археолозите со деталните истражувања заклучиле дека оваа црква подигната со одаи за пустиници била наменета за аскети.