Свет

ЦИА „по грешка“ уништила 6.700 страници документи за методите за мачење

Канцеларијата на генералниот инспектор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) соопшти дека „по грешка“ ја уништила единствената копија на сеопфатниот извештај на Сенатот со информации за методите за мачење за време на испитувањата, објави „Индепендент“.

Извештајот содржел илјадници тајни документи за методите за испитување што ги користеше ЦИА.

Неименувани извори наведуваат дека претставници од канцеларијата на генералниот инспектор на ЦИА минатото лето избришале фајл со извештајот, а потоа случајно го уништиле дискот на кој се наоѓал документот.

На 6.700 страници имало тајни информации за методите за испитување што ЦИА ги користела на тајните локации во странство. Меѓу нив и агресивните методи, како симулирано давење и држење во будна состојба.

Поврзани вести

Back to top button