Свет

Цела Германија бара жена од поранешна Југославија, украла повеќе од милион евра

Полицијата во Штутгарт трага по жена (42) која е осомничена дека во октомври годинава украла повеќе од милион евра користејќи ја работата во компанија за транспорт на пари. Германска полиција нуди награда од 37.500 евра за информации кои ќе доведат до нејзино апсење.

Наводно, се споменува дека се работи за жена од просторот на поранешна Југославија. Засега не е познато каде се наоѓа жената. Познато е дека пред да го изврши злосторството живеела во Штутгарт, но по овој неверојатен грабеж и се губи секоја трага.

Меѓу нејзините карактеристики наведени од полицијата, осомничената има неколку тетоважи по целото тело, особено на рацете.

– Наградата е 37.500 евра и е приватно осигурена. Секој кој знае нешто за 42-годишната осомничена, соопшти полицијата во Штутгарт. Таа на 14 октомври годинава украла повеќе од еден милион евра од компанијата за транспорт на пари во Штутгарт каде била вработена.

Како вработена имала пристап до парите, а кражбата била забележана истиот ден. Полицијата во своето соопштение не наведува како 42-годишната жена успеала да извади толкава сума на пари од фирмата. Со оглед на тоа дека нејзината локација не е позната, можно е да се наоѓа во некоја од земјите на поранешна Југославија, претпоставува полицијата.

Поврзани вести

Back to top button