Трифун е момчето кое загина од гром, имаше 17 години, прооде со јагнинњата, работеше со трактор, ги молзеше овците, а потоа одеше на училиште
Малолетник од гевгелиското село Негорци вчера загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме. Сите во шок и неверување, се опростуваат од 17-годишниот Трифун.
Текстот е напишан од Васка Ј, во групата на земјоделие:
-Премногу е болно и тажно,но сакав да ја споделам оваа тажна вест во најголемата земјоделска група.
Плачам и пишувам …..
Денес Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 год. пасејќи ги овците во атарот на село Негорци.
Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето,на тракторот…
Дете кое стануваше во 5 ч. наутро да ги измолзе овците и потоа одеше на училиште, а потоа повторно одеше да помогне на неговата фамилија. Дете кое се радуваше на животот, секогаш насмеан, сакан од најблиските, не се жалеше на работата туку напротив уживаше и со мерак ја работеше како возрасен земјоделец и сточар.
Тој ги почитуваше сите..и старо и младо…
Имаше многу пријатели од сите националности и често другаруваше со нив.
Царство небесно Трифун Бучков, нека ти е светол патот….