Три Македонки прогласени за „Најжена на 21 век“ во Белград
Агенција „Марили“ која 24 години ја поддржува успешноста на жената во бизнисот како претприемач, менаџер и лидер се гордее со проширувањето на соработката на бизнисите предводени од жени на регионално ниво. Токму жените менаџери – лауреатки од манифестацијата на „Марили“ – „Избор на топ 10 најуспешни жени менаџери од Македонија“ се дел од наградените на регионалната манифестација „Најжена на 21. век“, што претставува верификација на напорите на агенција „Марили“ да ја промовира успешната жена во бизнисот во нашата земја, но и надвор од неа.
Три Македонки се најдоа меѓу 22 најуспешни извршни директори, раководители, менаџери и претприемачи и беа прогласени за „Најжена на 21.век“ на регионалниот бизнис настан што на почетокот на декември се одржа во Белград.
За „Најжена на 21 век“ се прогласени Ерина Кочева, менаџер на „Калемар комерц“ од Свети Николе, компанија на која и беше доделена награда за најуспешен бренд на 21 век од агроиндустрија, Марина Анчевска, меѓународен мотивациски и конференциски предавач, сопственик на Центар за бизнис психологија, прогласен за најуспешна компанија на 21 век во Југоисотчна Европа и Нина Шерифовска, извршен директор на „Парк резиденс“ Скопје добитник на регионалната награда за најуспешен луксузен комплекс на 21 век.
Регионалната манифестација „Најжена и најмаж на 21 век“ традиционално ги собира на едно место најуспешните жени и мажи кои можат да застанат зад епитетот најодговорни и најуспешни носители на одлуки. Настанот, што се одржува во организација на „Аирли ниво“ од Белгад, предводена од Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ, а чиј поддржувач е и агенција „Марили“ претставува комбинација од луѓе, искуство и атмосфера и нуди нешто поразлично од традиционалниот тип на маркетиншки настани.
Извор: marili.com.mk