Трамп објавил снимка од Афроамериканец кој тепа белец: Овде што се случува? Дали е овој маж уапсен?
На социјалните мрежи во САД кружи снимка од напад во Мичиген, на која се гледа како еден Афроамериканец напаѓа белец, а снимката на својот профил на Твитер ја објавил и претседателот Доналд Трамп.
За разлика од снимката со полициското убиство на црнецот Џорџ Флојд во Минеаполис во Минесота, чие убиство од страна на полицијата поттикнало големи протести и нереди ширум САД, жртвата на оваа снимка преживеала, пренесува “Index”.
Меѓутоа, во овој случај Афроамериканец бил напаѓачот, а жртвата белец – поточно, продавач во стоковна куќа на познат трговски ланец.
Нападот се случил уште на 15-ти мај, по што снимката протекла и се ширела на социјалните мрежи, а денес на Твитер ја споделил и американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој ја ретвитнал објавата на Мет Волш, колумнист на американскиот десничарски портал “Daily Wire”, основан од политичкиот коментатор Бен Шапиро.
“Погледнете што се случува тука. Каде се демонстрантите? Дали е овој маж уапсен?”, прокоментирал Трамп.
Looks what’s going on here. Where are the protesters? Was this man arrested? https://t.co/2E1UbU5vNN
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 23, 2020