МакедонијаТоп

Тошковски: Времето на пајакот помина, осумина уапсени за вчерашните инциденти

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се 4 лица, меѓу кои еден малолетник, а во друг случај за учество во тепачка уште 4 други лица.

-Во текот на вчерашниот ден, морам да констатирам дека се случија одредени настани кои што беа диреко насочени кон достоинството на македонскиот граѓанин. Овакви дејствија од страна на поедини групи, особено во Скопје се недозволиви, се директен врз македонската држава и поради тоа, полицијата, министерството за вннатрешни работи, БЈБ, СВР Скопје одговори максимално брзо и одлучно сите кривични и кривично правни настани кои што настанаа во текот на вчерашниот ден. Морам да го пофалам одговорот на МВР на вчерашните предизвици кои што беа насочени дирекно кон достоинството на македонскиот граѓанин. Нема да дозволиме ваков вид на дејствија да подгреват меѓуетничка тензија во Македонија. Она кое што го говоревме дека има најави, има обиди кои што ќе подгоруват меѓунационална нетрпеливост во Македонија, еве повторно доказ дека истото се случува, но македонската полиција покажа здрелост, професионалност и одговори соодветно на сите предизвици, истакна Тошковски.

Тошковски меѓудругото рече дека се расчистени повеќе случаи, но дека полицијата и понатаму ќе постапува.

-Во текот, на вечерта, вчера, се целосно расветлени повеќе случаи, дел делумно, а во однос на голем дел на случаи полицијата ќе постапува и во текот на денешниот, утрешниот ден, се додека не се констатираат за сите оние кои што имаат соодветни докази дека сториле одредено кривично дело, особено кривично дело кое гази по достоинството на македонскиот граѓанин.

Тошковски информираше дека вчера вечерта биле уапсени 8 лица од кои 4 за инцидентот со македонското знаме, меѓу кои и еден малолетник.

-Во текот на вчерашната вечер се уапсени осум лица од страна на македонската полиција. Четири од тие лица се уапсени затоа што сториле прекршок, учество во тепачка. Истите се лишени од слобода и поо нив ќе се преземат соодветни дејствија и понатаму, согласно закон. А други четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнени дека сториле кривично дело 319 од кривичниот закон кое што се однесува на предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ каде што е предвидена минимална казна од една година затвор и за кои што четири лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, еден од нив е малолетник, а тројца се полнолетни лица, информираше министерот Тошковски.

Во продолжение проследетеја целата прес конференција на министерот Панче Тошковски и одговорите на новинарските прашања:

Поврзани вести

Back to top button