Живот

Топлите пијалоци не се препорачливи поради можно предизвикување на рак

Нема доволно докази дека пиењето кафе предизвикува рак, објави агенција за рак на Светската здравствена организација, ублажувајќи ги своите поранешни предупредувања, но и додаде дека сите „многу топли“ пијалоци најверојатно се канцерогени.

Меѓународната агенција за истражување на рак (ИАРЦ) претходно предупредуваше на кафето како „можно канцерогено“ но го смени мислењето.

Експертите сметаат дека според последните истражувања „нема доволно докази за канцерогени ефекти“.

Но, тие истовремено наведуваат дека другите научни докази сугерираат дека пиењето од било кој топол пијалок – околу 65 степени Целзиусови или повеќе, вклучувајќи ја водата, чајот или другите напитоци, најверојатно предизвикуваат рак на хранопроводникот.

ИАРЦ, чие седиште се наоѓа во Лион, а минатата година ширум светот предизвика внимание со заклучокот дека преработеното месо може да предизвика рак, дојде до свој заклучок по повеќе од илјада научни студии врз луѓе и животни. Нема доволно докази според кои кафето би можело да се класифицира како канцерогено, а ниту како неканцерогено.

Претходно како „можно канцерогено“ е класифицирано во 2Б категорија, заедно со хлороформот, оловото и многу други работи.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button